Ибрахимовиќ бара спортски директор на Милан да биде Јован Кировски

Златан Ибрахимовиќ смета дека Американецот со македонско потекло, Јован Кировски, треба да биде спортски директор на Милан.

Контактите траат веќе извесен период, Кировски веќе бил во Милано. Јован и Златан се знаат од поодамна, на 3 март 2018 година, Ибра стана играч на Лос Анџелес Галакси по заслуга на Кировски кој тогаш беше технички директор.

Јован Кировски чии родители се од тетовско, е екс фудбалер, израснат во младинскиот сектор на Манчестер Јунајтед, а потоа играше низ Европа за клубови како помеѓу Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Кристал Палас и Бирмингем пред да ја заврши кариерата во Галакси.

Потоа започна кариера како менаџер, но уште нема искуство во европскиот фудбал. Ако биде ангажиран од Росонерите, летово ќе му биде многу жешко во однос на одлуките што треба да се донесат: од тоа дали останува тренерот до активност на трансфер пазарот.

- Оглас -

Најнови вести