Ибрахимовиќ: Да, тој беше најдобар од сите, единствен подобар и од мене

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, по повод Божиќ и Нова година, даде интервју за италијански медиум, и составувајќи го својот тим на соништата, призна дека само Диего Марадона бил подобар од него во историјата на фудбалот.

Ибра крена прашина со контроверзната честитка за Божиќ, го обвинија дека е неверник, но контроверзниот фудбалер не е многу загрижен поради критиките. Тој никогаш не бил прогласен за најдобар на светот, никогаш не ја има освоено Лигата на шампионите, но себеси се смета за најдобар.

„Долго сум на врвот, не би ги менувал 12-те награди за најдобар во Шведска за една Златна топка. Тие награди го покажуваат мојот континуитет“ – вели Ибра кој се чувствува како Дедо Мраз кој дели подароци.

„Никогаш не сум барал ништо за Божиќ, а сега јас сум Дедо Мраз. Им давам подароци на сите мои 27 деца, двете во Шведска и уште 25 во тренинг центарот Миланело“ – додава најдобриот 39-годишен играч на светот.

Во идеалниот тим, Златан ги стави Буфон на голот, Неста и Канаваро во одбраната, Недвед, Виеира и Чави во средниот ред, Кафу и Маикон како десни бекови, пријателот Максвел како лев бек, а за нападот нема дилеми: Зидан, Марадона и Роналдо Назарио.

„Марадона е најдобар на сите времиња. Единствен кој е подобар и од мене“ – рече Ибрахимовиќ кој моментно отсуствува поради повреда, а на 10 меча сезонава има 11 гола и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести