Милан со голем пресврт во судиското продолжение ја победи Парма со 3-2, а по мечот изби конфликт помеѓу капитенот на екипата, Давиде Калабрија, и тренерот Сержо Консеисао. Ситуацијата за малку ќе прераснеше во физичка пресметка, но се чини дека проблемот е решен, и тоа пред сè поради големиот авторитет на Златан Ибрахимовиќ.
Шведската легенда веднаш по натпреварот влегол во соблекувалната и ги пратил двајцата да даваат изјави за новинарите и да ја објаснат ситуацијата, а потоа имал и 30-минутен разговор со Консеисао, поради што тренерот задоцнил на прес-конференцијата.
„Искрено, вакви работи се случуваат на теренот, недоразбирање помеѓу нас двајца. Се грижиме многу за играта. Адреналинот беше висок, но сега сè е решено, не е ниту прв ниту последен пат да се случува ова. Се извинувам, ова не беше убаво“, рече Калабрија.
Слична изјава за новинарите даде и тренерот Сержо Консеисао.