Ибрахимовиќ е чудо какво што не се памети во Топ 5 лигите повеќе од една декада

Милан и Рома ремизираа 3:3 во дербито на петото коло од Серија А, а повторно во главна улога беше Златан Ибрахимовиќ. Искусниот Ибра е предводник на листата на стрелци и досега има шест погодоци, иако два меча пропушти поради корона-вирусот.

Во трите меча на коишто играше, Ибрахимовиќ даде по два гола во победите против Болоња (2:0), Интер (2:0) и синоќа во ремито против Рома (3:3). Во Топ 5 лигите во Европа повеќе од 10 години немало помоќен фудбалер на 39-годишна возраст. Изминатава декада во Топ 5не се случило да има играч кој на 39 години да има повеќе од еден меч на коишто постигнал два гола. Ибрахимовиќ веќе има три такви средби зад него.

Со двата гола против Рома, Златан се проби на 11-тото место на листата најдобри стрелци на сите времиња. Моментно тој има 561 погодок во кариерата и му недостасуваат уште 14 погодоци за влез во Топ 10 на сите времиња. Од активните фудбалери, само Кристијано Роналдо со 760 погодоци и Лионел Меси со 734 голови се пред Златан.

 

- Оглас -

Најнови вести