Златан Ибрахимовиќ ќе паузира само 10-тина дена и нема сериозна повреда на Ахиловата тетива, како што се претпоставуваше.
Првичните информации беа дека Швеѓанецот ја обновил повредатата на листот поради која паузираше на почетокот од оваа година, но и голема беше веројатноста дека има проблеми со Ахиловата тетива.
По деталните прегледи, стигна и одлична вест за навивачите на Милан, но и за Златан, кој нема долго да биде надвор од тренажен процес и ќе биде подготвен за рестартот на Серија А.
Сезоната во Калчото треба да продолжи во средината од јуни, па 39-годишниот ветеран ќе може да му помогне на Милан во преостанатите 12 кола да се избори за европски настап, најверојатно во Лигата на Европа.
Милан по 26 кола е на седмата позиција со 36 бода, 12 помалку од четвртопласираната Аталанта, која ја има последната позиција во Серија А што води во Лигата на шампионите.