Ибрахимовиќ е позитивен на ковид-19!

Златан Ибрахимовиќ е позитивен на ковид-19, потврдија резултатите од вчерашните тестирања во пресрет на квалификацискиот меч на Милан против Бодо Глимт од Лигата на Европа.

Шведскиот голгетер нема да биде во составот од Стефано Пиоли за вечерашниот дуел, а следните десетина дена ќе мора да ги помине во самоизолација. Штета е за Ибрахимовиќ што поради корона-вирусот, не ќе може да ја продолжи формата откако изминатиов викенд со два гола ја донесе победата за Росонерите во премиерното коло против Болоња.

Инаку, во редовите на Милан има уште еден заразен фудбалер, тоа е дефанзивецот Лео Дуарте.

- Оглас -

Најнови вести