Ибрахимовиќ е синоним за спектакуларни голови: Ова се неговите најдобри пет погодоци (Видео)

По 866 одиграни меча во кои постигна дури 511 голови, Златан Ибрахимовиќ реши дека е време да стави крај на кариерата. Започна во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, ЛА галакси, па се врати во Милан, каде што и ја заврши кариерата.

Во репрезентативната кариера за Шведска одигра 122 средби, а постигна 62 погодоци.

Од овие над 550 погодоци, Ибрахимовиќ има постигнато многу спектакуларни голови, но сепак пет се посебно за одбележување.

Како играч на Ајакс на дуелот против НАК Бреда во 2004 година го направи еден од најспектакуларните соло продори и успеа да постигне гол.

Истата 2004 година, Златан на Европското првенство даде гол за памтење во дуелот против Италија.

https://twitter.com/i/status/1273632058410065921

Во репрезентативниот дрес постигна уште еден гол што сите го знаат и е за восхит. На пријателскиот дуел против Англија, Шведска победи со 4:2, а последниот беше вистинско ремек-дело.

Во дресот на ПСЖ, Швеѓанецот постигна четири гола против Андерлехт во Лигата на шампионите, а еден од тие погодоци беше „бомба“.

https://twitter.com/i/status/1186941310323843072

Како играч на Лос Анџелес галакси, Ибрахимовиќ јубилејниот 500-ти гол во кариерата го постигна на мечот против Торонто, а тој е и во најубавите Топ 5.

https://twitter.com/i/status/1041357416179359744

 

- Оглас -

Најнови вести