Отиде во пензија, но не застана со вежбање (Видео)

Златан Ибрахимовиќ неодамна ја заврши кариерата, но тоа не значи дека 41-годишниот Швеѓанец ќе престане да тренира. Популарниот Ибра и во жешкото време напорно тренира и вежба за да биде во перфектна физичка подготвеност.

На последното видео кое се појави на социјалните мрежи Ибрахимовиќ стоејќи на раце вежба склекови.

Ибрахимовиќ е голем вљубеник во боречките вештини, уште пред 25 години стигна до црниот појас во таеквондо, што многу му помогна во постигнувањето на некои спектакуларни голови.

 

- Оглас -

Најнови вести