Ибрахимовиќ го искара Леброн Џејмс!

Златан Ибрахимовиќ следи кошарка и е воодушевен од Леброн Џејмс, но смета дека премногу се плетка во политиката.

„Сакам да го гледам Леброн, мислам дека е феноменален. Не сакам кога има статуси за политика. Нека го работи тоа што знае најдобро да го прави“, рече Ибра, кој смета дека Џејмс треба да се угледа на него.

„Ако сум политичар, тогаш би зборувал за политика и би се занимавал со тоа. Тоа е прва работа која сакаат да ја прават луѓето кога ќе станат познати“, вели Швеѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести