Ибрахимовиќ го пратија во „американска пензија“ со пораз од 5:3 (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и неговиот Лос Анџелес галакси се елиминирани во конференциското полуфинале од плејофот на МЛС шампионатот откако во градското дерби загубија со 5:3 од Лос Анџелес. Со овој пораз заврши сезоната за Галакси, а тоа значи дека Ибрахимовиќ најверојатно го одигра и последниот меч во дресот на овој тим. Според сите шпекулации, иако има 38 години, легендарниот шведски голгетер планира да се врати во Европа.

Галакси за прв пат во шестиот меч загуби од градскиот ривал, но тоа се случи во најважниот меч, кога нема поправен. Карлос Вела му го украде шоуто на Златан откако во првото полувреме даде два гола и го доведе Лос Анџелес во предност. Павон пред крајот на првиот дел намали на 2:1, а Ибрахимовиќ на почетокот на второто полувреме погоди за 2:2. Сепак, Галакси немаа сила за пресврт. Следуваа нови два гола за Лос Анџелес преку Роси и Диоманде, а Флечер намали на 4:3. Да нема дилеми до самиот крај, се погрижи Диоманде со својот втор погодок во 80-тата минута.

https://youtu.be/zaGafPTf2fI

- Оглас -

Најнови вести