Ибрахимовиќ и Хабиб се туркаа на рака, со нив на маса и Погба (Видео)

Поранешниот шампион кој УФЦ кариерата ја заврши без пораз, Хабиб Нурмагомедов, и легендата на европскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, имаа средба која ја искористија и за да се туркаат на рака.

Таму присуствуваа и синовите на Ибра, Максимилијан и Винсент, како и Пол Погба.

Додека траеше нивната „борба“, Русинот го прашуваше Швеѓанецот што чувствува, а Златан му одговори „дух“, по што Хабиб почна да се смее.

- Оглас -

Најнови вести