Ибрахимовиќ играше и за ПСЖ и за Манчестер, но за кого ќе навива?

Само уште неколку часа остануваат до првиот меч меѓу Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен, во осминафиналето од Лигата на шампиони, а свое мислење даде и еден од најдобрите напаѓачи во последните 15 години, Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер четири сезони играше за Пари Сен Жермен, a потоа направи трансфер токму во Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“ беше во периодот од 2016 до 2018 година, а потоа замина во САД, во тимот на ЛА галакси.

Златан многу добро знае како функционираат двата клуба, а мала предност дава на францускиот тим.

„Мислам дека мала предност има ПСЖ, поради играчите со кои располага. Сепак, кој и да победи, јас ќе бидам победник. Значи кој и да помине понатаму, јас ќе имам клуб за кој ќе навивам во Лигата на шампиони“, рече Ибрахимовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести