29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Ибрахимовиќ: Имам 300 милиони во банка и остров, секој ден ми е роденден!

Некогашниот соиграч на Златан Ибрахимовиќ од ЛА галакси, Жоао Педро, откри дека после еден пораз од Хјустон во 2018 година, бил многу лут и во соблекувалната одржал говор кој нема да го заборават.

Швеѓанецот не бил задоволен од играта на колегите.

„На крајот ни одржа говор. Рече: Ако сте дојдени овде за на плажа или да се прошетате низ Холивуд, само кажете. Имам 300 милиони на сметка и свој остров, ова навистина не ми треба. Првиот што ќе каже нешто, ќе го убијам. И беше сериозен“ – се присетува Педро.

Ибра кој сега е член на Милан, и наскоро ќе наполни 39 години, за Галакси одигра 56 меча и даде 52 гола. Тој себеси си се смета за најдобар играч во историјата на МЛС лигата. Тој и на трениннзи се однесувал надмено.

„Требаше да тренираме 11 против 11, и некој праша кој да го има почетниот удар. Помошникот тренер рече јас да изведам, бидејќи тој ден ми беше роденден. Ибрахимовиќ му се сврте и му рече:  Мене секој ден ми е роденден, дај ми ја топката. И почна да се смее“ – завршува Португалецот Жоао Педро.

- Оглас -

Најнови вести