Ибрахимовиќ испиша историја: стана највозрасен стрелец на гол во Серија А!

Удинезе води со 2-1 по првото полувреме на возбудливиот натпревар против Милан, а гостинскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, со голот кој го даде од пенал, влезе во историјата на италијанската Серија А лига.

Швеѓанецот кој вечерва ја носи и капитенската лента, има 41 година и 166 дена, со што стана најстариот играч што дал гол на меч од Серија А.

Претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта од Милан со 41 година и 25 дена. Интересно е што и Костакурта голот за рекорд го даде од пенал против Удинезе, исто како и Ибра.

- Оглас -

Најнови вести