Ибрахимовиќ ја има приказната со Вуду магија за Лукаку, нема да го казнат за расизам

Златан Ибрахимовиќ објасни аргументирано дека не го навредил Ромелу Лукаку на расна основа при конфликтот на двајцата играчи за време на куп дуелот меѓу Интер и Милан.

Напаѓачот на Росонерите при вербалниот дуел што беше жесток и предизвика мнигу реакции во еден момент му се обрати на Лукаку со зборовите „оди јави и се на мајка ти и правете ги вашите Вуду с*ања“.

Покрената беше и истрага што ја водеа луѓе од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), но Златан се повика на приказната од пред 4 години што беше објавена во англиските медиуми, а се однесува на Лукаку.

Ромелу во 2017 година ја одби понудата на Евертон, а во јануари 2018 година Фархад Мошири, кој го поседува контролниот пакет на акции во клубот од Ливерпул објасни дека се работи за бизарен случај.

Мошири тврдеше дека Евертон има подобра понуда од Челзи и дека агентот на Лукаку го советувал фудбалерот да ја прифати, но се случил неверојатен пресврт.

„Се беше подготвено за потпис на нов договор, но оддеднаш Лукаку се премисли со приказна дека бил на аџилак во Африка и дека таму добил Вуду порака да се пресели во Челзи“, изјави Мошад.

Лукаку потоа направи уште еден чуден маневар и не се врати во Челзи, откако ја одби понудата за нов договор со Евертон и се пресели во Манчестер јунајтед.

Приказната на која се повика Ибрахимовиќ и аргументите што ги приложи, беа доволни за истражителите на ФИГЦ да не го казнат напаѓачот на Милан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести