Ибрахимовиќ ја откри тајната на долговечната кариера и кога ќе оди во пензија

Во далечната 1999 година, тогаш младиот Златан Ибрахимовиќ го постигна првиот погодок во првенството на Шведска, и тоа како играч на Малме. Од тој момент започна приказната за еден од најдобрите напаѓачи во историјата.

Златан синоќа даде гол за Милан во победата од 2:1 на гости во дербито против Рома, а тоа беше погодок за два значајни јубилеи за Швеѓанецот. Ибрахимовиќ стигна до 400 првенствени погодоци во неговата кариера, од кои дури 150 голови се постигнати токму во италијанската Серија А.

„Мојата тајна за долгата спортска кариера се крие во умот. Јас сакам да докажам дека 40 е само прост број и дека можам да продолжам да го правам тоа што го сакам. Не сакам да сопрам додека целосно не бидам задоволен и дури тогаш конечно ќе се пензионирам“, рече Ибрахимовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести