27.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Ибрахимовиќ: Ја загубивме битката, но иднината ќе покаже кој ќе ја добие војната

Златан Ибрахимовиќ, кој е главен фудбалски советник на газдата на Милан, го прекина молчењето по завршувањето на разочарувачката сезона на клубот. Швеѓанецот се јави на Инстаграм профилот во која призна дека Росонерите имал неуспешна сезона, но вети дека гигантот од „Сан Сиро“ ќе ја анулира оваа непријатна ситуација во која се наоѓа.

„Ова не беше сезоната за која сонувавме. Ниту пак беше онаа за која се боревме. Еден трофеј и едно изгубено финале за купот – не се доволни за клуб како нашиот. Но, секој неуспех го разгорува нашиот оган. Секоја лекција ја гради нашата иднина. Можеби ја изгубивме битката оваа година, но иднината ќе покаже кој ќе ја добие војната. Се издигнуваме, растеме и се враќаме посилни. Форца Милан засекогаш“, напиша Ибрахимовиќ на социјалната мрежа.

Легендарниот напаѓач беше меѓу луѓето кои ултрасите на Милан ги посочија како главни виновници за неуспешната сезона за време на нивните протести на последниот домашен натпревар на тимот во штотуку завршената сезона.

- Оглас -

Најнови вести