Ибрахимовиќ кажа на кој стадион имало најдобра атмосфера, и Меси го одбра истиот

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ рече дека најдобра атмосфера и најгласно навивање кои ги доживеал на еден стадион му било на „Селтик парк“ во Глазгов. Неодамна и Лионел Меси го издвои стадионот на Селтик каде имало најдобра атмосфера на која што играл.

Ибра само двапати гостуваше на „Селтик парк“, но вториот пат во време на коронавирус, и мечот се играше без публика, што значи дека еднаш ја почувствувал пеколната атмосфера на Шкотите. Тоа се случи во 2001 година кога Швеѓанецот играше за Ајакс и Копјаниците на тој меч победија со 1-0 со гол на Вамберто.

„Кога излегов на терен, пробав да комуницирам со соиграчите, но ништо не можев да слушнам. Не слушнав што зборуваат моите соиграчи кога ме повикаа, беше многу убаво, неверојатна атмосфера која е веројатно најдобрата што сум ја почувствувал на стадион“, вели Златан.

- Оглас -

Најнови вести