Ибрахимовиќ кажал да, веќе се знае неговиот нов клуб

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ не планира да се повлече и во следната сезона ќе игра во италијанската Серија А, но не во Милан, туку во Монца.

Популарниот Ибра веќе дал усна согласност да се пресели во клубот кој го предводат Силвио Берлускони и Адријано Галијани.

Договорот на 41-годишниот Златан со Росонерите му истекува летово, па како слободен агент ќе оди во клубот кој како домаќин игра 20-тина километри од Милано.

- Оглас -

Најнови вести