(6024) Риека – Наполи (18:55ч)
Овој дуел носи македонска пресметка меѓу двајцата репрезентативци Дарко Велковски и Елиф Елмас. Нашиот дијамант е подготвен повторно да блеска во дресот на Наполитанците по прележувањето на корона-вирусот, па токму Елмас може да биде клучниот играч на Гатузо во дуелот против екипата на Велковски, херојот на Македонија од мечот со Косово.
Наполи првпат ќе гостува во Риека, а според квалитетот кој го поседува Гатузо во составот, гостите од Неапол би требало без поголеми проблеми да ги освојат бодовите, иако во стартните 11 ќе недостасува рекордното засилување Осимен.
Предлог тип: T2 3+ (1.95)
(6033) Милан – Лил (21ч)
Росонерите целат на максимален учинок по првите три кола во групите од ЛЕ, а на „Сан Сиро“ гостуваат Данските доги од Лил. Милан против оваа француска екипа се сретна еднаш на меѓународната сцена, пред околу 14 години во групите од ЛШ, а од двомечот памети пораз на домашен терен и реми без голови.
Сега тимот на Стефано Пиоли е во извонредна форма, исто како и Златан Ибрахимовиќ, од каде што ќе доаѓа најголемата закана кон голот на Лил. Златан додека играшe за ПСЖ, никогаш не загуби од Лил, од шест средби, славеше во пет, а даде три гола.
Предлог тип: 1 & T12+ (2.15)
(6034) Aрсенал – Молде (21ч)
Победничката форма од „Олд Трафорд“ Арсенал ќе ја пренесе и на својот терен против аутсајдерот Молде. Во дуелот на двете екипи со максимален учинок по две кола, Топчиите ќе бидат тие кои ќе се задржат на првото место во групата Б, иако гостите од Норвешка се во серија од шест победи во низа во сите натпреварувања.
Досега немале прилика да ги одмерат силите, па Арсенал како голем фаворит ќе треба да покаже дека конечно доаѓаат подобри времиња под палката на Микел Артета.
Предлог тип: 1 сигурна (2.55)
(6036) Феенорд – ЦСКА Москва (21ч)
Двете екипи целат на прва победа во групите, а на Феенорд и тоа како му е потребен триумф со оглед на тоа дека освои само еден бод по два натпревари. Армејците на двапати ремизираа, па и тие би сакале конечно да освојат три бода. И двете страни си имаат проблеми со отсуства на неколку првотимци, токму комбинираните состави може да бидат клучен детаљ за ефикасна средба на „Де Кајп“.
Низ историјата, Феенорд и ЦСКА се сретнале трипати во Лигата на Европа, а последниот пат во 2008 година тимот од Москва славеше со 3-1 на гости и беше прв во групата со максимални четири победи, додека Феенорд остана со катастрофален учинок од четири порази.
Предлог тип: ГГ (1.70)
(6039) Лестер – Брага (21ч)
Лестер и Брага во овој меч ќе го одлучуваат лидерот во групата Г пред да се играат возвраните дуели. Двете екипи влегуваат со по 6 бода во пресметката и имаат идентична гол-разлика од 5-1. Статистиката најавува ефикасна средба на стадионот „Кинг пауер“, а се чини дека Лисиците ќе ја наредат и петтата последователна победа во сите натпреварувања.
Тимот на Бредан Роџерс се разигра и покрај тоа што не може да смета на неколку првотимци поради повреди, Варди и дружината ќе ѝ стават крај на низата од шест победи на Брага.
Предлог тип: 1 & ГГ (3.40)