Доколку Наполи утре освои еден или три бода на дуелот со Генк, и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, клубот на Елис Елмас дефинитивно останува со шанси да потпише договор со Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот најави дека ќе игра во Италија, во клуб кој сака да си ја врати славата, а такви се и Милан и Наполи. Фаворит за привлекување на Ибра е Милан, но тоа е клуб кој не учествува во Лигата на шампионите, а и финансиската понуда не ги задоволува апетитите на Ибрахимовиќ, како ни должината на договорот. Ибра ги обожува навивачите на Наполи и во ПСЖ веќе работел со Карло Анчелоти, а ова е клуб кој би му дал повеќе пари отколку Милан.
Агентот на Ибра неодамна ја отфрли можноста за трансфер во Наполи, но опцијата повторно е во игра. Ако Наполи на кого му треба врвен голгетер, продолжи во ЛШ, и Анчелоти остане тренер, Ибрахимовиќ би можел да го одбие Милан за кој би настапувал само во Серија А. Наводно Ибра би играл за Наполи и ако на клупата седне Џенаро Гатузо, со кого беа соиграчи во Милан.