20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ибрахимовиќ ќе се прости од шведската репрезентација на спектакл против Србија

Шведската фудбалска федерација објави дека прошталниот меч во чест на Златан Ибрахимовиќ ,кој на крајот на минатата сезона ја заврши играчката кариера, ќе се игра на „Френдс арената“ во Стокхолм на 8 јуни, а противник на Скандинавците ќе биде Србија.

Златан одигра 122 меча за националнииот тим на Шведска, даде 62 гола, со што е прв стрелец во историјата. Дури 12 пати беше прогласуван за играч на годината во Шведска.

Во клупската кариера, Златан играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси, а сега работи како советник во Милан.
- Оглас -

Најнови вести