14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Ибрахимовиќ многу се занесе во САД па сега доби суспензија

Златан Ибрахимовиќ доби суспензија од еден меч поради зачестените симулации кои ги прави за време на мечевите во МЛС. Ѕвездата на Лос Анџелес галакси глумеше фаули на последните две средби, а челниците на МЛС сметаат дека тоа не смее да го прави ниту еден фудбалер, па затоа решија да го казнат со еден меч суспензија.

Последниот обид да го измами судијата, Ибра го имаше на дуелот против Портланд, но арбитарот не наседна на глумата на нанајголемата ѕвезда во американското првенство. Казната од еден меч значи дека Ибра нема да игра на дербито против Атланта.

- Оглас -

Најнови вести