Ибрахимовиќ мразел четворица соиграчи, едниот бил Кавани

Францускиот дефанзивец Мишел Сијани, поранешниот соиграч на Златан Ибрахимовиќ од ЛА галакси, откри дека додека играл со Швеѓанецот, „од прва рака“ дознал дека Ибра мразел четворица фудбалери со кои делел соблекувална. Сијани од „црната листа“ на Златан го спомна само Единсон Кавани, со кого Ибрахимовиќ беше клупски колега во Пари Сен Жермен.

„Златан ми кажа дека додека играл во Париз, бил во добри односи со сите, освен со еден колега, а тоа е Кавани. Ибра кажа дека мразел тројца-четворица играчи, а Кавани бил еден од тие. Ако сте пријатели со Кавани, тоа значи дека Ибрахимовиќ не ве сака. Кај него нема средина, или сте со него, или против него“, изјави Сијани.

Има фотографии на кои Златан и Кавани се прегрнуваат, заедно ги слават головите во ПСЖ, но можеби сето тоа било само глума.

Ибрахимовиќ и Кавани три години играа заедно за париските Светци. Кавани во минатото велеше дека има добри односи со Ибра и дека се посветени на добрите резултати на тимот.

- Оглас -

Најнови вести