Златан Ибрахимовиќ беше претставен како нов член на Милан и порача дека е подготвен веднаш да заигра, па останува дилемата дали ќе се појави уште на 6 јануари против Сампдорија или сепак во дресот на Росонерите со бројот 21 на грбот првпат ќе заигра на 15 јануари во купот. Тој го искоментира и трансферот на сонародникот Дејан Кулушевски во Јувентус.
„Позитивно е кога има Швеѓани во големи клубови. Кога живеев во САД, не ми беше лесно редовно да ги гледам натпреварите во Европа, но слушнав многу добри работи за Дејан. Среќен сум за него“, изјави Ибрахимовиќ.
Златан верува дека со него на Милан му претстои позитивен период.
„Сакам да му донесам добри резултати на тимот и да помогнам со голови и асистенции. Знам дека можам, да не мислев така, немаше да бидам тука. Милан си е Милан, клубот ми е како дом. Кога си заминав, беше против моја волја. Предизвик ми е, чувствувам адреналин. Подготвен сум веднаш да заиграм. По мојот последен меч за Галакси, веднаш зборував со Паоло Малдини. По поразот од Аталанта, Звонимир Бобан ми се јави трипати. Повеќе понуди добив сега на 38 отколку кога имав 20 години“, вели Златан.