Ибрахимовиќ направи шоу на концерт, се појави на бина како член на бенд (Видео)

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, предизвикува големо внимание каде и да се појави, а овој пат ги воодушеви фановите на музички концерт каде излезе на бината заедно со останатите членови на бендот кој настапуваше.

На концертот на групата „Сведиш Хаус Мафија“ во Милано, популарниот „Ибракадабра“ се појави на бината како четврти член на оваа група и за тоа беше специјално најавен од музичарите.

„Имаме четврти член вечерва. Направете галама за Златан Ибрахимовиќ“, се слушна пред појавувањето на фудбалерот на Милан.

Публиката беше буквално во транс и со аплаузи и овации го поздрави Ибрахимовиќ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести