Ибрахимовиќ: Не можат да ме казнат, јас сум МЛС лигата

Златан Ибрахимовиќ остро ја критикуваше одлуката на судиите да го признаат голот на Хјустон против неговиот тим Лос Анџелес галакси, се спротивстави и на ВАР системот, но вели дека не очекува казна. И тоа го кажува на оригинален начин, својствено за него.

„Можеби луѓето што ја водат МЛС лигата ќе ме казнат. Но, не очекувам такво нешто, зошто јас сум МЛС лигата“, изјави Ибрахимовиќ по мечот.

За Хјустон беше досуден пенал во 53. минута, а имаше проверка и со ВАР системот за спорниот момент, што потоа го криткуваше Ибрахимовиќ. И тој постигна гол од пенал за 1:0, потоа Елис израмни за Хјустон, но „галактичарите“ на Ибрахимовиќ славеа со победнички гол во 88. минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести