Ибрахимовиќ нема да се повлече додека не освои трофеј со Милан

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ рече дека нема да се пензионира додека не освои трофеј со Милан.

Златан во октомври ќе наполни 41 година, одамна е ветеран, но не планира да престане со активно играње фудбал додека не крене уште некој трофеј.

Милан од 2016 година, кога го освои Суперкупот на Италија, не знае за освојување на пехар. Серија А не ја освоиле уште од 2011, кога исто така Ибрахимовиќ беше во нивниот состав. Сезонава Милан е еден од кандидатите за Скудетото, но често киксираат на мечеви кои мора да ги добијат.

„Жал ми е што не можам да играм, тоа многу ме боли, особено што на тимот добро му оди и сакам да помогнам. Откако се вратив во Милан, ни фалат само трофеи. Нема да се откажам додека не освоиме нешто“, порача Ибра, кој има договор до јуни, а нема играно во 2022 година поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести