Златан Ибрахимовиќ ја заврши играчката кариера во дресот на Милан, но легендарниот голгетер остана да биде активен кај Росонерите. Популарниот Ибра работи како советник кај Росонерите и целосно е вклучен во работењето на клубот.
Секако дека искуството на Ибрахимовиќ кој имаше повеќе од 20-годишна играчка успешна кариера, може да помогне за подобри резултати на Милан. Ибра прифаќа да биде советник, но никако не би прифатил да биде тренер, а објасни и зошто.
„Ја гледате мојата коса како почнува да белее? Ако станам тренер, цела коса ќе ми побеле и тоа за само една недела. Работниот ден на тренерот е и до 12 часа. Немате апсолутно никакво слободно време“, објасни Ибрахимовиќ кој во кариерата постигна преку 550 голови на клупско и репрезентативно ниво.
Во новата сезона во Серија А, Милан ќе има голем предизвик да парира на вечните ривали Интер и Јувентус во трката за највисок пласман.