Ибрахимовиќ одбрал Хрват за нов тренер на Милан, се чека само следниот пораз на Фонсека

Италијанскиот калчолигаш Милан не ја почна најдобро новата сезона, ниту во Серија А, ниту во Лигата на шампионите. Актуелниот тренер Пауло Фонсека е пред отказ и би можело да го добие веќе овој викенд доколку Росонерите го загубат градското дерби против Интер.

Првиот оперативец Златан Ибрахимовиќ веќе одбрал негов наследник. Станува збор за Игор Тудор. Хрватскиот стратег е без ангажман откако доби отказ од Лацио на крајот од минатата сезона.

Покрај Тудор, во италијанските медиуми се споменуваа и Един Терзиќ, Томас Тухел, Маурицио Сари и Масимилијано Алегри. Сепак, Игор Тудор е „избраниот“ и веќе постигнал договор со Ибрахимовиќ да пристигне на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести