Еден од најдобрите голгетери во последните 20 години, Златан Ибрахимовиќ откри кој е неговиот фаворит за освојување на титулата на Светското првенство во Катар. Ибра верува дека Лионел Меси со Аргентина конечно ќе стигнат до светскиот трон.
„Се надевам дека Аргентина ќе го освои Светското првенство поради Лионел Меси“, вели Ибрахимовиќ, кој беше соиграч со капитенот на Аргентина една сезона во дресот на Барселона, во сезоната 2009-2010. Иако играа само една година заедно, Ибра и Меси останаа блиски пријатели и имаат взаемна почит.
Аргентина вечерва игра во четвртфиналето на СП а ривал им е Холандија.