Ибрахимовиќ почна сам на себе да си удира шлаканици (Видео)

Златан Ибрахимовиќ пред три месеци наполни 40 години, но уште е во одлична форма и игра со фудбалери кои се и двојно помлади од него. Шведскиот голгетер е еден од најдобрите во Милан, но сепак кога се работи за изведување на пенали, можеби и нема полош од Златан.

Ибра како да заборавил како се погодува од пенал, а тоа се потврди и синоќа на дуелот против Рома. Во 94 минута беше досуден пенал за Милан, Ибрахимовиќ шутираше, но голманот на Рома одбрани. Тоа е петти промашен пенал од последните седум удари од белата точка за Ибра, што преставува само 28 отсто успешна реализација.

По последниот промашен пенал против Рома, Ибрахимовиќ разочарано почна самиот да се удира со рацете по лицето. Едноставно ни самиот не може да верува дека толку му е проблем да погоди од 11 метри.

Промашениот пенал и реакцијата на Ибрахимовиќ е на 2:50 минути од видеото.

- Оглас -

Најнови вести