Ибрахимовиќ потврди: Јован Кировски доаѓа во Милан!

Советникот на компанијата „Црвена птица“, која го поседува фудбалскиот клуб Милан, Златан Ибрахимовиќ, потврди дека поранешниот директор на ЛА галакси, Јован Кировски, ќе биде задолжен за Академијата на Милан, вклучувајќи го и „Милан Футуро“, вториот тим на Росонерите, чиј тренер е Даниеле Бонера, а ќе игра во Серија Ц во сезоната 2024-2025.

Милан е третиот клуб во Серија А кој лансира втор тим по Јувентус и Аталанта.

Кировски, чии родители се Македонци, во 1997 година, кога беше член на Борусија Дортмунд, стана првиот американски фудбалер кој ја освоил Лигата на шампионите, а беше и технички директор на МЛС тимот ЛА галакси, каде што се докажа со носење на квалитетни засилувања за клубот и има многу контакти. Кировски беше најзаслужен што и Ибрахимовиќ во 2017 година потпиша за Галакси.

„Кировски ќе биде одговорен за Милан Футуро. Тој играше во многу клубови како професионален фудбалер, работеше за ЛА галакси и е профил на високо ниво, каков што ни треба. Тој ќе биде задолжен за трансферите и ќе биде одговорен за Милан Футуро и другите младински тимови. Ни требаше некој со иста амбиција и визија како нас. Некој кој зборува ист јазик и има иста визија“, изјави Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести