Лос Анџелес галакси се израдува на првата победа во новата сезона во американското фудбалско првенство и тоа најмногу благодарение на Златан Ибрахимовиќ. Првата ѕвезда во МСЛ даде гол за победа на Галаски од 2:1 во дуелот со Чикаго.
По првото полувреме, немаше голови, а Чикаго прв стигна до предност и тоа со погодокот на Сапонг во 49 минута. Лос Анџелес имаше проблеми и во составот недостасуваа неколку играчи, но тоа не беше причина домаќините да се предадат. Во 68 минута Стерес израмни на 1:1, а на 10 минути пред крајот се „разбуди“ Ибрахимовиќ. Златан даде гол за победа на ЛА од 2:1.
Во останатите мечеви одиграни ноќеска во МСЛ: Колорадо – Портланд 3:3, Хјустон – Реал Солт Лејк 1:1, Ванкувер – Минесота 2:3, Сан Хозе – Монтреал 1:2, Сиетл – Синсинати 4:1.