Ибрахимовиќ повторно ќе заигра во Серија А, овојпат во дресот на Лацио

Германскиот фудбалер со потекло од Косово, Аријон Ибрахимовиќ, до крајот на сезонава ќе игра за Лацио, како позајмен од Баерн Минхен. По завршувањето на сезонава има опција да остане во Лацио и да потпише тригодишен договор со Орлите од Рим.

Големиот 19-годишен талент и фудбалер за врска, веќе има искуство од играње во италијанската Серија А, во сезоната 2023/2024 настапуваше за Фрозиноне.

Аријон играше за младинските селекции на Германија, но не е исклучено како сениор да игра за Косово или Албанија.

- Оглас -

Најнови вести