Ибрахимовиќ празнично ги покажа мускулите со „боксерска“ честитка за Бадник и Божик (Фото)

Златан Ибрахимовиќ испрати необична празнична честитка за католички Бадник и Божик, а ги покажа мускулите и порача:

„Среќен празник на Вас и на Вашите сопруги! Чао“ е пораката на мускулестиот Швеѓанец, овојпат со боксерски ракавици на себе.

Живата фудбалска легенда има 41 година и се рехабилитира по операцијата на коленото, а замина за САД користејќи го одморот што го доби од тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Популарниот Ибракадабра беше на трибините на НБА мечот меѓу Бруклин нетс и Милвоки бакс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести