Златан Ибрахимовиќ го искористи периодот за рехабилитација од последната повреда да направи интервју за италијанскиот лист „Скај спортс“, во кое говореше околу убавината повторно да се игра за Милан.
„Обожувам ваков тип на предизвици. Кога ќе ми кажат дека е невозможна мисија, тоа го разгорува оганот во мене. Подобро е да му помогнам на клубот да се врати на врвот, отколку да играм за тим кој веќе е на врвот. Мора да им се помогне на другите играчи да почувствуваат и да разберат како е да се биде високо горе. Кога се вратив во Милан се чувствував исто како во периодот кога бев во Манчестер. Сите ми велеа дека нема да го издржам темпото во Премиер лигата, но им докажав дека грешат. Имам тенденција да го правам спротивното од тоа што ќе ми кажат да го правам. На пример, за Милан ми зборуваа дека е тим што не знае да победува, токму затоа и се вратив. Штом освојував трофеи со Јувентус, со Интер, можам и со Милан,“ посочи Ибрахимовиќ.
Моментално првиот стрелец во Калчото утре нема да настапи за Росонерите на гостувањето против Сампдорија, но се очекува Ибрахимовиќ наскоро да ја надмине повредата и да се врати на терените.