Златан Ибрахимовиќ ја заврши авантурата во американската МЛС, откако му истече договорот со Лос Анџелес галакси. Популарниот Ибра најави дека ќе се врати во Европа, но засега не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Најверојатна дестинација е Италија, каде има играно за трите најтрофејни клуба, Јувентус, Милан и Интер.
Шведскиот ветеран засега има понуда да дојде во Наполи, Болоња или Милан. Директорот на Милан, Паоло Малдини вели дека не верува во враќање на 38-годишниот голгетер на „Сан Сиро“.
„Враќањето на Златан во Милано би било како сон и тоа од повеќе причини. Сепак, мислам дека во него постои еден мал страв дека повеќе нема да биде доминантен како што тоа беше стариот Ибрахимовиќ“, рече Малдини.
Милан очајно ја започна сезоната и е во долниот де од табелата, а играч како Златан сигурно било големо засилување за некогашниот италијански и европски првак.