Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи се пофали дека конечно го победи Коронавирусот. Првата ѕвезда на Милан, пред две недели беше тестиран позитивен на опасниот вирус, а денеска на последното тестирање добил негативен резултат на Коронавирусот.
„Оздравев! Здравствените власти ме информираа дека карантинот е завршен. Може да излезам надвор“, напиша Ибрахимовиќ на својот твитер профил.
Sei guarito!
Autorità sanitarie avvertite, la quarantena è finita.
Puoi uscire! #fuckcovid19 #godiscomingforyou— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 9, 2020
Искусниот шведски голгетер потврди дека се чувствува добро и дека сега е фокусиран да се подготви за големото градско дерби на 17 октомври против Интер. Златан беше тестиран дека е позитивен пред мечот против Бодо Глимт во третото квалификациско коло од Лигата на нации.