Ибрахимовиќ се соочува со тригодишна суспензија!?

Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Милан, се соочува со тригодишна суспензија доколку се докаже дека уште има дел од акциите на една онлајн-обложувалница, што според законите на ФИФА, е строго забрането.

Неколку шведски медиуми тврдат дека Златан и натаму е еден од сопствениците на онлајн-обложувалница со седиште во Малта, а тој поседува околу 10% од акциите. Поради тоа, ФИФА покрена истрага и натпреварите на Ибрахимовиќ во дресовите на Милан и шведската репрезентација во наредниот период ќе бидат под лупата на Светската фудбалска куќа.

Доколку се докаже дека Ибрахимовиќ навистина е еден од сопствениците, може да биде суспрендиран на три години од секакви фудбалски обврски, што никако не оди во негов прилог ако се знае дека во октомри ќе наполни 40 години и планира уште да игра.

- Оглас -

Најнови вести