Златан Ибрахимовиќ повторно ќе го облече дресот на Милан, барем ако се верува во тоа што го најавува реномираниот весник „Газета дело спорт“. Според најавите, Ибрахимовиќ ќе се појави на „Сан Сиро“ во јануари и ќе потпише договор на една и пол сезона, односно до јуни 2021 година.
Легендарниот шведски напаѓач играше во црвено-црниот дрес во периодот од 2010 до 2012 година. На Златан му истече договорот со Лос Анџелес галакси и сега е слободен играч, што значи каде и да потпише, клубот нема да даде ни едно евро оштета. Најавите се дека за една и пол сезона во Милан, на контото на Ибрахимовиќ ќе „легнат“ вкупно шест милиони евра.
Претходно, самиот Златан најави дека сака милион евра месечно од новиот клуб, што значи шест милиони евра за една полусезона, но Милан сега му нуди една третина од тоа барање на 38-годишниот фудбалер.