Златан Ибрахимовиќ ја заврши фудбалската кариера, но остана да биде дел од неговиот последен клуб Милан. Легендарниот голгетер со Милан пристигна во САД каде италијанскиот тим ќе биде на турнеја во пресрет на новата сезона.
Сега прв пат Ибра не е во улога на фудбалер, туку е дел од раководството и организацискиот дел на клубот.
„Па, во ред е. Проблем е што веќе не можам да влијаам на играта на теренот. Морате да го трансформирате менталитетот. расположението, искуството. Многумина ме прашуваат дали глумам, но не. Тоа јас така го покажувам. Можам да ви кажам дека е полесно да се игра фудбал, отколку да се работи ова. Учам сега. Ги гледам работите од поинаков агол. Секако, покрај себе имам и добра група на луѓе“, вели Ибрахимовиќ.