Малку фалеше Златан Ибрахимовиќ да биде трагичар на Милан во дуелот со Верона. Популарниот Ибра не погоди пенал, но, за среќа на фановите на Милан, потоа погоди со глава во 93-тата минута и ги спаси Росонерите од пораз на „Сан Сиро“.
Тој гол на Ибрахимовиќ е посебен затоа што му донесе влез во Топ 10 најдобрите стрелци во историјата на фудбалот на сите времиња. За шведскиот ветеран тоа беше 554 погодок во кариерата, што беше доволно да се израмни со Фреденрих, кој е на 10-тото место на вечната листа на стрелците.
Ибрахимовиќ сега е третиот актуелен играч во Топ 10 листата, по Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Роналдо е на второто место со 745 погодоци, додека Меси е четврти со 724 голови во кариерата. На врвот на оваа листа е кралот на фудбалот, Бразилецот Пеле.
All-time ranking of most officials goals scored ever
1. Pelé 767
2. Cristiano Ronaldo 745
3. Romario 734
4. Messi 724
5. Gerd Mueller 720
6. Puskas 706
7. Bican 636
8. Eusébio 615
9. Deak 558
10. Friedenreich 554
10. Ibrahimovic 554
12. Zico 525
13. Di Stefano 516— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020