Златан Ибрахимовиќ има огромна фан-база која нетрпеливо чека да донесе одлука околу својата иднина. Швеѓанецот секојдневно го селат од еден во друг клуб – Се споменува Јужна Америка, Кина, останување во САД, но факт е дека негова желба е да се врати во Европа.
ЛА галакси сака да го задржи барем на уште една сезона, но Ибрахимовиќ е многу поблиску до враќање во Серија А, како што се шпекулираше во изминатиов период. Неколку калчолигаши чекаат во редот да преговараат со популарниот Златан, но се чини дека Милан е тимот што победи во трката за неговиот потпис.
Управата на Росонерите ќе му понуди најдобри услови, дури и голема плата како што Ибрахимовиќ посакува иако има 38 години. Тој со Милан веќе оствари успех, во 2011 година стана италијански шампион со гигантот од „Сан Сиро“, а на 85 меча постигна 65 гола и 24 асистенции.
Сепак, за оваа шекулација да се потврди треба да се почека јануарскиот преоден рок, односно официјално да заврши соработката на Златан со Галакси, за да може како слободен играч да стави потпис на договор со Милан.