Ибрахимовиќ шокираше, на фановите не им се верува дека тој си ја избричил главата (Фото)

Долгата коса, најчесто собрана во опавче, беше заштитен знак на фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, но 39-годишниот Швеѓанец, кој е главен адут во обидите на Милан за освојување на титула во Италија, ги изненади своите фанови и објави слика на која нема коса, туку главата му е избричена.

Дали синоќешниот пораз од Аталанта му падна тешко и го натера на ваков потег, не се знае, но промената е драстична. Многумина мислат дека станува збор за монтажа и со нетрпение ќе се чека првото појавување на Златан во јавност за да се види дали навистина ја избричил главата или ова е само компјутерска монтажа.

 

- Оглас -

Најнови вести