Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ, вечерва со погодок против Специја, може да постави два нови рекорди во историјата на италијанското фудбалско првенство.
Ибра сезонава има 14 гола, и наредниот ќе му биде 15-ти, со што тој би станал најстар играч со 15 голови во една сезона во Серија А. Во моментов, рекордер е Силвио Пиола од сезоната 1951/1952. Дали вечерва против Специја или на некој нареден меч, Златан сигурно ќе даде гол и ќе го урне рекордот на Пиола.
Но, на Ибрахимовиќ ќе му биде важно да даде погодок против Специја и поради една друга причина. Овој клуб му е 99-тиот различен ривал против кој се сретнал во клупската кариера во Топ 5 лигите, и некогашниот член на Јуве, Барса, ПСЖ и Манчестер јунајтед, може да стане првиот играч во 21-виот век кој дал гол против 80 различни екипи во Тип 5 лигите во Европа.
Од Милан има неофицијална најава дека Ибрахимовиќ, голманот Донарума и бекот Тео Ернандес нема да играат против Црвена ѕвезда во Беглрад на 18-ти февруари, туку тренерот Пиоли ќе ги чува за дербито против Интер закажано за следниот викенд.
И во Специја ќе бидат мотивирани против Милан, за Специја ова е прв меч откако американскиот бизнисмен Роберт Платек стана газда на клубот.