Ибрахимовиќ со гол во 93-тата минута се спаси да не е трагичар на Милан (Видео)

Златан Ибрахимовиќ повторно беше во центарот на вниманието на дуелот на Милан. Росонерите одиграа 2:2 против Верона, иако пред мечот беа големи фаворити за триумф. Сепак, како што се одвиваше мечот, домаќините може да бидат и пресреќни што не загубија.

Верона одлично го почна мечот и само по 20 минути, гостите водеа со 2:0. Милан намали на 1:2, што беше резултат од првиот дел. Головите на гостите може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме, Ибрахимовиќ не погоди пенал во 65-тата минута, кога шутираше високо над голот. Во 90-тата минута беше поништен и погодок на Калабрија, но во 93-тата минута Ибрахимовиќ со погодок го спаси Милан од пораз за конечни 2:2.

 

По седум кола, Милан останува лидер во Серија А со 17 бода, два повеќе од Сасуоло, додека Наполи е трет со 14 бодови.

- Оглас -

Најнови вести