Ибрахимовиќ со уникатен рекорд во кој се поврзани Милан и Интер

Милан продолжи со одлични игри во Серија А и убедливо со 4:1 славеше на гости кај Сампдорија. По враќањето на фудбалот во ерата на корона-вирусот, Росонерите имаат осум победи и три нерешени во 11 средби во Серија А. Со таков скор Милан си обезбеди место кое води излез во Лигата на Европа.

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно е главниот фактор за одличните резултати на тимот. И против Сампдорија, Ибра беше креатор на триумфот, постигнувајќи два гола. Со тие погодоци, шведскиот голгетер ја надмина бројката од 50 голови за Милан во Серија А.

Со достигнување на бројката од 50 голови за Милан, Ибра постави рекорд како прв фудбалер кој успеал да даде 50+ голови во дресовите на двата најголеми ривали во Милано. Златан во кариерата го носеше дресот и на Интер, каде што вкупно 57 пати се има запишано во листата на стрелците.

Погледнете ги двата гола што Ибра ги даде вечерва против Сампдорија:

https://twitter.com/i/status/1288530335286861825

https://twitter.com/i/status/1288549041568186368

- Оглас -

Најнови вести