Заврши ли една блескава кариера? Ибрахимовиќ е опериран во Лион, паузата ќе биде долга, можно е и да се збогува со фудбалот

Златан Ибрахимовиќ успешно ја мина операцијата на лигаментите денеска во Лион, но ќе мора долго да паузира.

Според изјавата на докторот Бертран Сонери-Коте кој го оперираше Ибрахимовиќ, играчот на Милан ќе мора да паузаира околу 7-8 месеци.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1529457452969775105?s=20&t=rTn9ZYA6k9h3s6R9T5TjPg

Тоа значи дека ќе ја пропушти целата оваа година до крајот, што би значело една полусезона без настапи во дресот на Милан, или во друг клуб, ако одлучи да ја смени средината.

Златан има актуелен договор со гигантот од Милано што важи само уште еден месец.

Ибрахимовиќ викендов ја прослави титулата во Италија со Росонерите, прва по пауза од 11 година, па одлучи да замине на операција во Франција.

Проблем за него е што веќе има 40 години и иако најави дека ќе игра најмалку уште една сезона, сега и тоа е доведено во неизвесност.

 

- Оглас -

Најнови вести