Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, се наоѓа во Белград, и не ја пропушти шансата да си помине убаво во една од многуте кафеани во главниот град на Србија.
Златан присуствувал на прослава, а гостите ги забавувале пејачите Ива Бојановиќ и Ацко Петровиќ. Ибра нарачувал песни кои ги имал на плеј лустата во неговиот телефон.
„Навистина ме воодушеви, вистински господин. Цело време зборувавме на српски, му ја пеев се разбира „Јутро је“, со која многу се веселеше, а потоа ми бараше песни од Цеца и Елма Синановиќ. Има своја плеј листа во мобилниот. Од машките пејачи ги сака Шабан Шаулиќ, Мирослав Илиќ, Шако Полумента“ – раскажа пејачката Ива.